Делегација на МВР на Светскиот конгрес за безбедност на граници

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од државната секретарка, воедно и национален координатор на Националната комисија за трговија со луѓе и миграции Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски учествува на Светскиот конгрес за безбедност на граници, чиј домаќин е Министерството за внатрешни работи на Кралството Мароко. На настанот, на кој учествуваат делегации од 54 држави, делегацијата на Министерството за внатрешни работи присуствува на покана на Канцеларијата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Делегацијата учествуваше на повеќе пленарни и работни сесии, а во рамки на пленарната сесија Миграции и трговија со луѓе – предизвици во глобалното гранично управување свое излагање имаше државната секретарка Несторовска на тема „Управување со миграции и мерки против трговијата со луѓе“.

На маргините на конгресот беа реализирани и билатерални контакти со делегации на земји од Африка и Азија и со претставници на различни меѓународни организации.