Локални Комисии

Во текот на 2013-та година Комисијата со поддршка на мисијата на ОБСЕ, го зајакна локалниот одговор на трговијата со луѓе преку формирање две локални комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Општините Тетово и Битола.

Во 2014-та година дополнително го зајакна локалниот одговор на трговијата со луѓе со формирање и градење капацитети на локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со формирање на третата Локална Комисија во Општина Штип.

Поради ескалирње на напливот на мигранти кои движеа низ територијата на Северна Македонија, во 2016-та година Националната Комисија ја согледа потребата од дополнително формирање на две Локални Комисии во Општините Гевгелија и Велес. Додека во 2019 беше формирана и Локална Комисија во Куманово.

  • ЛК Битола – Општина Битола
  • ЛК Штип – Општина Штип
  • ЛК Прилеп – Општина Прилеп
  • ЛК Гевгелија – Општина Гевгелија
  • ЛК Велес – Општина Велес
  • ЛК Куманово – Општина Куманово