Како “Пинокио” им помага на децата во Северна Македонија да спречат трговија со деца

Со особено задоволство ја споделуваме оваа значајна иницијатива на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, реализирана во соработка со Council of Europe Programme Office in Skopje, преку која лектирата „Пинокио“ се користи како алатка за едукација и превенција на трговија со деца.
Изработени се прирачници за наставници, прилагодени според возраста на учениците, со цел да се овозможи навремено препознавање на ризици, развивање на критичко размислување и зајакнување на заштитата на децата.
Бајките отсекогаш се сметале за моќни алатки за учење на малите деца за животот: како да ги препознаваат емоциите, да научат да прават разлики меѓу доброто и лошото и да ги разберат последиците од своите постапки.
Сценаријата ја користат богатата симболика на приказната за “Пинокио” за да ги научат учениците за градењето на доверба и како да препознаваат манипулации, лаги, лажни ветувања и експлоатација. Се нагласува развивањето меки вештини кај учениците, како што се ефективна комуникација, критичко размислување, тимска работа, креативност и одговорно однесување. Целта е да се подготват децата да препознаваат штетни однесувања и да се заштитат себеси и другите од трговија со деца и други злоупотреби.
Методологијата вклучува прилагодени сценарија во зависност од возраста и нивото на разбирање на учениците од 1-во до 6-то одделение.
Изразуваме искрена благодарност до Совет на Европа за поддршката и партнерството во унапредување на системот за заштита на децата.
Прилагодени материјали сега достапни за секое одделение (1-6).
Проверете тука за повеќе информации: https://go.coe.int/jiy10