Профит или луѓе? Борбата против современото ропство во Северна Македонија
Трговијата со луѓе заради трудова експлоатација е сериозна форма на современо ропство која ги нарушува основните човекови права и достоинството на жртвите.
Со особено задоволство ја споделуваме приказната објавена во првиот информативен билтен на Програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, посветена на напорите за спречување и борба против трудовата експлоатација во Северна Македонија.
Преку заедничките напори на институциите, меѓународните партнери и организациите на граѓанското општество, продолжуваме да работиме на подобра идентификација, заштита и поддршка на жртвите, како и на поефикасно спречување на сите форми на трговија со луѓе.
🔗 Прочитајте ја целосната сторија на Horizontal Facility – Вести: Профит или луѓе? Битка против современото ропство во Северна Македонија – Horizontal Facility








