Зајакнување на пристапот насочен кон жртвите и борба против неказнивоста на трговците со луѓе во Северна Македонија

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во соработка со Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Северна Македонија и Академијата на судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија успешно ja спроведе обуката „Симулација на случај на трговија со луѓе“ од 06 јуни-9 јуни 2023 година, Струга, Северна Македонија. Овој заеднички пристап обезбедува сеопфатен и координиран одговор во борбата против трговијата со луѓе, а истовремено ги зајакнува истражните тела и судовите и ги унапредува правата на жртвите во системот на кривичната правда.

Тематскиот аспект на програмата за „Симулација на судење на случај на трговија со луѓе“ беше развиен врз основа на наодите и препораките од „Анализа на случаи на трговија со луѓе и деца: Предизвици за ефикасно гонење и санкционирање на сторителите во Северна Македонија“. Оваа сеопфатна анализа даде вредни увиди во националниот контекст и понуди научени лекции и препораки за борба против трговијата со луѓе. Дополнително на ова, беше користена методологијата за симулација на судење на УНОДЦ, која успешно се спроведува во различни земји, обезбедувајќи мултидисциплинарни активности за градење капацитети кои комбинираат теоретско знаење со практична примена преку играње улоги. Преку примена на реалните случаи и инкорпорирање на исходите од реални ситуации, симулираниот судски процес им овозможи на учесниците да симулираат сценарио за судење, преземајќи ги улогите на клучните засегнатите страни вклучени во процесот, како што се јавни обвинители, судии, полициски службеници, обвинети, жртви, сведоци, социјални работници, граѓански организации и правни застапници.

Преку пренесување на знаење и практична примена, 22 практичари од судство, обвинителство, полиција, социјалните служби и претставници на граѓанското општество се стекнаа со вредна експертиза во идентификување, истражување, гонење и судење на случаи на трговија со луѓе. Преку спроведување на вакви и слични активности се зајакнува националниот одговор на трговијата со луѓе и се подобрува системот за поддршка на жртвите на трговија со луѓе. УНОДЦ, заедно со своите партнери, останува посветен на градење на иднина ослободена од трговијата со луѓе, каде правдата преовладува и правата на сите поединци се заштитени.

Активноста беше спроведена во рамките на проектот „ООН. Ставање крај на неказнивоста на трговците со луѓе и поддршка на правдата за жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа“ (2021-2024), со финансиска поддршка на Канцеларијата на Стејт департментот на САД за следење и борба против трговијата со луѓе.