Билатерален состанок за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе и криумчарење мигранти помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија

На 15ти јуни 2023 година, во организација на ИОМ (Меѓународна организација за миграција) во хотел Хилтон, Скопје се одржа вториот билатерален состанок за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и криумчарење мигранти помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.
На состанокот поздравно обраќање имааа државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, а воедно и национална координаторка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Несторовска и г. Ненад Симиќ – раководител на канцеларијата за борба против трговија со луѓе на Република Србија.
Овој билатерален состанок е во насока на примената на договорите за соработка помеѓу Владите на двете држави од 2019 година во горенаведените области како и размена на информации и податоци поврзани со: идентификување, обезбедување заштита и помош на жртвите на трговија со луѓе и нивно доброволно враќање во земјата на потекло, кривичните постапки, како и размена на информации за заеднички активности.
Во вториот дел на состанокот делегациите се осврнаа на размената на информации и податоци на сторители на кривичното дело криумчарење мигранти, во контекст на спречување на трговија со луѓе со ранливи мигранти и непридружувани деца.