18 октомври е Ден на ЕУ за борба против трговијата со луѓе


18 октомври е Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, ден кој има за цел да го подигне нивото на свест за сериозноста на овој глобален проблем и да поттикне акција за негово решавање. Овој ден е инициран од Европската комисија во 2007 година како дел од пошироките напори за борба против трговијата со луѓе, која претставува кршење на човековите права и современа форма на ропство.
Главната цел на денот за борба против трговијата со луѓе на ЕУ е да се подигне свеста за трговијата со луѓе и да се зголеми размената на информации, знаења и најдобри практики меѓу различните актери кои работат на ова поле. Тоа е исто така ден за поддршка на жртвите кои страдале од трговија со луѓе, како и за подигање на свеста и унапредување на борбата против ова грозоморно злосторство.
Трговијата со луѓе вклучува различни форми на експлоатација, вклучително сексуална експлоатација, присилна работа, присилна бракови и други облици на злоупотреба. Ова е сериозен и комплексен проблем кој бара координирани напори на национално и меѓународно ниво, вклучувајќи владини, невладини организации и секако јавноста.
Многу земји во Европа, но и глобално, организираат активности на овој ден, како што се информативни кампањи, дискусии, обуки и форуми, со цел да се зголеми свеста и да се промовира превенцијата и поддршката за жртвите.
По повод одбележувањето на 18 октомври, Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, а во насока на зајакнување и подобрување на размената на информации во областа на трговија со луѓе и криумчарење мигранти, македонското Министерство за внатрешни работи со финансиска поддршка на регионалниот ИПА проект ЕУФОРФАСТ и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) организираа Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе долж Источно-Медитеранската рута.
Настанот се реализираше во пресрет на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе во периодот од 14 до 17 октомври 2024 година во Охрид. На вежбата покрај учесниците од Република Северна Македонија беа поканети и учесници од Молдавија, Турција, Грција, Бугарија, Словенија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и предвидено беше секоја од нив да има тим од 5 претставници. Во рамки на вежбата, тимовите разменуваа информации на основа на симулирани сценарија кои постепено добиваа на комплексност. Главното сценарио беше проследено со дебрифинг на кој присуствуваа директорите на полициските служби на земјите учесници чија основна цел е дефинирање на добри практики и предизвици за области во кои треба дополнително да се работи.

Вежба за ефективна размена и споделување на податоци