Предадена донација на заштитна опрема наменета за Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација

Денеска Националната координаторка м-р Магдалена Несторовска во име на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција ја предаде донацијата со заштитна опрема која содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила на Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација.

Донацијата ја прими државната секретарка на Министерството за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренческа.