Донација на заштитна опрема наменета за борбата против трговијата со луѓе како одговор на ситуацијата со КОВИД-19

Денес Националната Координаторка м-р Магдалена Несторовска ја прими донацијата од ГИЗ (германско друштво за интернационална соработка) која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“ кој е координиран од МАРРИ Регионалниот Центар, како одговор на ситуацијата со КОВИД-19.

Донацијата содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила, и истата ќе биде наменета за членовите на Нацоналната комисија, Националната единица за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација и Прифатно-транзитен центар Винојуг.

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција изразува благодарност за поддршката.