Презентација на модулот на програмата ХЕЛП за учење на дистанца за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција г-ѓа Магдалена Несторовска учествуваше во Презентација на модулот на програмата ХЕЛП за учење на дистанца за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Националната комисија на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа и дава поддршка во спроведувањето на програмите за едукација за професионалци преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите. Се работи за програма на Совет на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Несторовска во своето излагање истакна дека „HELP курсот за борба против трговијата со луѓе е одлична алатка за самостојно учење по стандардите на Конвенцијата на Советот на Европа, на располагање е на секој оној кој има силен интерес за оваа тема и желба да го подобри своето знаење преку бесплатно користење на курсот. Можноста и достапноста за специјализиран и интерактивен онлајн модул за обука за трговија со луѓе може да помогне на професионалците да го подобрат и прошират своето знаење од областа на трговијата со луѓе посебно со проблемите поврзани со трудовата експлоатација како форма на трговија со луѓе. Преку модулот ќе имаат можност да се запознаат со меѓународните стандарди и алатките кои што им се достапни на европско но и на национално ниво за решавање на проблемите и заштита на правата на жртвите“.

10:00 – 10:10

 

Поздравни говори

Валентина БОЖ, HELP Оддел на Советот на Европа

Петја НЕСТОРОВА, Извршна секретарка на Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе

10:10 – 10:30

 

 

 

 

Борба против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација во Западен Балкан

Санин ПРАШОВИЌ, Советник, Оддел против трговија со луѓе, Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина

Магдалена НЕСТОРОВСКА, Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Северна Македонија

Митар ЃУРАШКОВИЌ, Национален координатор за борба против трговија со луѓе, Министерство за внатрешни работи на Србија

 10:30-11:30

 

 

 

11:30-11:40

 

Презентација на HELP модул за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Клара СКРИВАНКОВА, Експерт за трговија со луѓе и принудна работа

Мајк ДОТРИЏ, Експерт за човекови и детски права

Судска пракса на Европскиот суд за човекови права во врска со трговија со луѓе и присилна работа 

Крешимир КАМБЕР, правник, Директорат на Јурисконсулт, Секретаријат на Европскиот суд за човекови права

Прашања и одговори и демонстрација на пробна верзија