Регионален Состанок на експертска група за ефикасно откривање, истрага и гонење на трговија со луѓе и криумчарење мигранти

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Државна секретарка м-р Магдалена Несторовска денес и утре е домаќин на Регионален Состанок на експертска група за ефикасно откривање, истрага и гонење на трговија со луѓе и криумчарење мигранти, од и преку Југоисточна Европа, со посебен фокус за родовите и човековите права.

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција денес го отвори Регионалниот Состанок на експертска група за ефикасно откривање, истрага и гонење на трговија со луѓе и криумчарење мигранти, од и преку Југоисточна Европа, со посебен фокус за родовите и човековите права. На состанокот учествуваа, г. Бил Вуд, раководител на Програмската канцеларија на УНОДЦ во Северна Македонија и регионален советник за сериозен и организиран криминал за ЈИЕ и амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.

Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), во соработка со и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ, и истиот се одржува со физичко присуство во Х.Мериот, Скопје како и преку платформа КУДО на 09-10 декември 2021 година.

На состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија, Северна Македонија, Србија, Словенија и експерти од Франција, Австрија, Германија и Италија кои  ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за трговијата со луѓе и илегалната миграција преку практични случаи и добри пракси во однос на меѓународната соработка.

Националната Координаторка во своето обраќање посочи дека трговијата со луѓе и илегалната миграција во глобални рамки се повеќе е во експанзија и добива нови видови и форми на експлотација, различни од оние кои се втемелени во нашата свест и со кои главно сите ние ја подразбираме трговијата со луѓе. Кога говориме на оваа тема начесто се зборува од два аспекти: од аспект на кршење на човековите права и од аспект на борба против организаиран криминал.

Прашањето на трговија со луѓе и криумчарење мигранти ги допира основните вредности на човековото живеење. Имено, комодитетот да се купи и продаде едно човечко суштество е нешто кое не смееме да го дозволиме во нашите општества, зошто тоа значи повреда на фундаменталните принципи и вредности на кои се базира современото живеење, а пред се нашиот уставен поредок. Во таа насока го цитираше познатиот француски филозоф, Русо …….. „Ниеден граѓанин не смее да биде толку богат за да може да купи друг, ниту пак, толку сиромашен, за да мора да се продаде“.

 

*******

Во текот на денот, Националната координаторка м-р Магдалена Несторовска одржа работен состанок со Националната координаторка за борба против трговија со луѓе од Република Словенија, г-ѓа Тина Принцес Дамјановиќ на која беа дискутирани и дефинирани чекорите за отпочнување на постапката за потпишување на протокол од областа на борбата против трговијата со луѓе.

 

UNODC – United Nations Office on Drugs and Crime

French Embassy in North Macedonia