Проект за подобрување на сервисите и подигнување на свеста за борбата против трговија со луѓе

Овој проект има за цел зајакнување на регионалната соработка на четрите држави (Македонија , Албанија, Косово и Црна Гора )за изготвување на стандардни процедури кои ќе бидат исти во сите четри земји и ќе овозможи прекугранично управување во случаите на жртви и потенцијални жртви на трговија со луѓе со посебено внимание на малолетниците кои имаат потреба од заштита. Проектот ќе се имплементира со финансиска подршка на САД а во неговото спроведување ќе биде вклучена и невладината организација “Отворена порта – Ла страда Македонија”.

Националниот кординатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Г-га Магдалена Несторовска во своето обраќање ја изрази целосната подршка за спроведување на овој проект во Република Македонија , како и за негово целосно инплементирање. Подршка на проектот дадоа и преставниците на Албанија, Косово и Црна Гора.

Учесниците на овој проект изготвија и билатерални акциски планови за унификација на прекуграничната кординација за поефикасно справување со овој проблем.