Државниот секретар на МВР и национален координатор на НКТЛ со свое обраќање на Обука за техники и методи за водење разговор со малолетни лица и жртви на сексуална експлоатација

Во организација на мисијата ОБСЕ во Скопје во Холидеј Ин од 02- 04 е организирана ,,Обука за техники и методи за водење разговор со малолетни лица и жртви на сексуална експлоатација”на која свое воведно обраќање имаше државниот секретар на МВР воедно и национален координатор на Националната комисија за трговија со луѓе и миграција м-р Магдалена Несторовска, а на која зедоа учество повеќе меѓународни експерти од земјите членки на Европската Унија како и членовите на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе на Република Северна Македонија.

Државниот секретар во своето обраќање ја истакна пожртвуваноста, спремноста и успехот на Националната единица, која за кратко време постигна големи резултати во идентификувањето на жртви на трговија со луѓе, но и потребата од нејзина постојана надградба, како со човечки така и со технички капацитети и професионално усовршување.

-,,Не треба да застанеме овде, новото време секогаш пред нас ќе носи нови предизвици, а наша обврска е да се трудиме да покажеме дека во нашето општество нема место за оваа појава”  – истакна на крајот м-р Магдалена Несторовска.