Во пресрет на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе се одржа официјална промоција на 30-минутниот образовен филм „Набљудувачи“

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во партнерство со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, Бирото за развој на образованието/Министерството за образование и наука и Отворена порта/Ла страда во пресрет на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе ја најави кампањата #OpenYourEyes (Отвори очи).

По тој повод, заедно со членовите на Националната комисија и ученици од средни училишта се одржа официјална промоција на 30-минутниот образовен филм „Набљудувачи“ во продукција на  фондацијата Унитас Србија, кој говори за три вистински приказни на деца и тинејџери кои стануваат или лесно можат да станат жртви на трговијата со луѓе.

Проекцијата на филмот се одржа на 17 октомври (вторник)  во КИНОТЕКА на ул. „Никола Русински“ бр. 1, Скопје, од 11:30-13:00/13:15.