„Работилница за преставниците на Локалните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со цел изработка на Локални акциски планови за борба против трговија со луѓе и илегална миграција“

Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со УНХЦР, по усвојувањето на Националната Стратегија и Акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2017-2020 од страна на Владата на РМ на ден 22.03.2017 година, Националната Комисија спроведе „Работилница за преставниците на Локалните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со цел изработка на Локални акциски планови за борба против трговија со луѓе и илегална миграција“ 28-30 март х.Континентал Скопје.

Локалните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од општините Битола, Штип, Прилеп, Гевгелија и Велес изработија Локални акциски планови за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за 2017- 2020, како и Годишен оперативен план за работа за 2017 година. Во престојниот период се очекува нивно усвојување од страна на Советите на Општините како и спроведување на предвидените активности.

 

[huge_it_gallery id=”7″]