18 октомври – Европскиот ден за борбата против трговијата со луѓе

Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, 18-ти октомври 2016 година – Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Сања Димитриевска, заедно со Здружението на граѓани „Отворена Порта – Ла Страда“ и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) како организатори го промовираа отпочнувањето на  кампања за борба против  трговија со луѓе.

Кампањата насловена како „Спречи ја трговијата со луѓе – прашај, помогни, пријави“ ќе трае еден месец и истата е поддржана од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија, УНИЦЕФ,  Амбасадата на Холандија во Р.Македонија, UK Aid Dift и др. За време на кампањата ќе бидат оддржани информативни сесии со граѓаните во Република Македонија, ќе бидат дистрибуирани брошури, поставени билборди и снимени кратки видео спотови, активности кои имаат за цел подигање на свеста за сузбивање на трговијата со луѓе.