Заменик националната координаторка г-ѓа Светлана Влаховиќ Димановска присуствуваше и имаше пригодно обраќање на тркалезна маса за регионална размена и зајаканување на отпорноста на работниците во регионот во областа на трудовата експлоатација.
Во очи на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот, МЗМП спроведе дводневен настан за споделување и размена на регионални искуства од Западен Балкан за ризиците од појава на #трудоваексплоатација, вклучувајќи ја правната регулираност и улогата на главните актери во процесот на идентификација на жртви на #трговијасолуѓе, предизвиците при идентификација на жртви на трговија со луѓе, добри практики за поефикасна идентификација на жртви на трговија со луѓе, како и заклучоци и препораки за подобрување на постоечката законска рамка.
На настанот присуствуваа претставници на канцелариите на координаторите за борба против трговија со луѓе и државните трудови инспекторати од Западен Балкан.
Настанот е поддржан од Регионалниот проект за спречување и борба против трговијата со луѓе (PaCT) по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) имплементиран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во партнерство со Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци(МАРРИ).