Тркалезна маса за проактивно откривање, идентификување и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе заради трудова експлоатација во партнерство со Државниот инспекторат за труд

Со поддршка на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Државниот инспекторат за труд, ЕУ и  Советот на Европа ХИ II преку проектот за превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија на 20.05.2021 година беше одржана тркалезна маса насочена кон откривање, идентификација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Државниот инспекторат за труд, како орган кој со закон има надлежност да постапува во сите регистрирани и нерегистрирани субјекти кои вршат определена дејност, има голема улога во детектирањето и откривањето на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Трудовите инспектори при вршењето на инспекциски надзори честопати се оние кои први доаѓаа т во контакт со потенцијалните жртви на трговија со луѓе и од голема важност е да бидат запознаени со индикаторите за рано откривање на потенцијалните жртви, како и да имаат јасна претстава за ова кривично дело, со што не би се пропуштиле дејствијата кои треба да се превземат и да не ги игнорираат индикаторите кои укажуваат дека можеби во конкретен случај постои трговија со луѓе, истакнав како директорка на Државниот инспекторат за труд, во воведниот дел од настанот.
На настанот учествуваа Националната координаторка на Национална Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграцијa и државна секретарка на МВР Magdalena Nestorovska , Директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска, Оперативната раководителка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје Лејла Дервишагиќ, Milan Zivkovik советник за труд и социјална политика во канцеларијата на Претседателот на Владата, трудови инспектори и други засегнати страни.
На тркалезната маса беа презентирани наодите од анализата која беше изработена од експерти и која се однесуваше на ставот и перцепцијата на трудовите инспектори за состојбата со трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, потребите од законски измени и дополнувања, како и потребите од обука со цел јакнење на нивните капацитети.
Трудовата експлоатација, односно принудната работа и трговијата со луѓе претставува грубо прекршување на човековите права и правата на работникот.
Исто така, беше истакната и важноста на заедничката меѓусебна соработка особено со Министерство за внатрешни работи во борбата против трговија со луѓе заради трудова експлоатација, како и со останнатите релевантни чинители.