Студиска посета на Националната комисија за борба против трговија со луѓе во Република Северна Македонија

18.01.2022

Националната координаторка г-ѓа Магдалена Несторовска заедно со членови од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција се сретнаа со студенти по мастер студии и нивниот профсор од универзитетот Џон Хопкинс, Меѓународната правна клиника за човекови права од Вашингтон САД.

Секоја година студенти од Универзитетот практично искуство стекнуваат преку анализи на имплементацијата на човековите права во одредени држави. Оваа година Република Македонија е избрана од нивна страна за анализа од областа на Меѓународното право за човекови права и трговија со луѓе.

Националната комисија со задоволство ги сподели искуствата, начинот на функционирање и работа на институциите во борбата против трговија со луѓе.

Националната координаторка изрази благодарност до студентите за интересот за спроведување на истражување на оваа тема како и за посетата на Република Северна Македонија.