Студиска посета за размена на информации, искуства и добри пракси од областа на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација

Националната координаторка г-ѓа Магдалена Несторовска заедно со членовите на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од Република Северна Македонија денеска (20.06) е домаќин на делегација од Црна Гора. Студиската посета на делегацијата е со цел размена на информации, добри пракси и искуства кои придонесуваат за градење на капацитетите за подобар одговор на трговијата со луѓе, особено во областа на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација. Делегацијата на Црна Гора е предводена од Тијана Шуковиќ, началничка на Одделот за борба против трговија со луѓе заедно со претставници од Министарството за внатрешни работи и Управата за полиција, Управата за инспекциски надзор и Министерството за труд и социјална работа на Црна Гора. Студиската посета се реализира со поддршка на Меѓународната организација за миграции од Црна Гора (ИОМ) во рамки на проектни активности со цел градење на меѓусебна соработка и цврсти билатерални односи при спроведување на поставените цели и реализација на активностите.