На 3 октомври 2019 година во Министерството за внатрешни работи се одржа состанок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија. На состанокот присустуваа и членовите на Секретаријатот на Националната комисија и претставник на новоформираната Локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од Куманово.
Беа дискутирани прашања во врска со идното донесување на Законот за исплата на паричен надомест на жртви од кривичните дела, преземените активности за именување на Национален известувач за борба против трговија со луѓе кој ќе биде во рамките на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, активности за одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 октомври како и други прашања од интерес на борбата против трговијата со луѓе.