Состанок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Денес на 10.05.2024 година,  Државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска како Национална координаторка на Комисијата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија, одржа редовен состанок на кој присуствуваа членовите на комисијата и секретаријатот.

На состанокот беа разгледани прашања, донесени заклучоци и одлуки во насока на подобрување на состојбата и надминување на предизвиците во областа на трговијата со луѓе. Имено, Националната комисија го усвои предлог текстот на Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца и други ранливи категории на лица странци како и Годишен извештај на Националната комисија за борба против трговија со луѓе  и илегална мигра  ција за 2023 година, при што истите ќе бидат доставени до Владата на РСМ. Воедно на состанокот беше донесена Одлука за формирање на група за застапување на преживеани лица – жртви од трговија со луѓе, активност која произлегува од Патоказот за учество на преживеаните од трговија со луѓе, како советници во креирање на стратешките политики за поефикасна борба против трговијата со луѓе.