Националната координаторка за борба против трговија со луѓе, Магдалена Несторовска присуствуваше и со пригодно обраќање ја отвори тридневна Регионална работилница „Зајакнување на кривично- правниот одговор за соодветно адресирање на предизвиците при собирање на докази во процесот на истражување на случаи на трговија со луѓе во Југоисточна Европа“
Работилницата во Скопје се реализира во периодот од 04 до 06 април, 2023 година во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Влада на Република Северна Македонија и Секретаријатот на Конвенцијата за полициска соработка за Југоисточна Европа, со финансиска поддршка од Федералното Министерство за Европски и меѓународни работи на Австрија.
Регионалната работилна беше насочена кон зајакнување на прекуграничната соработка преку промовирање заедничко разбирање за формите и манифестациите на трговијата со луѓе во регионот како и надоградување на капацитетите на практичарите од Југоисточна Европа за истрага и гонење на трговијата со луѓе.
Посебен фокус беше даден на собирањето докази во случаите на трговија со луѓе, влијанието на доживеаните трауми врз менталното здравје на жртвите и разбирање на нивното однесување и препознавање на потребата од прибавување цврсти докази покрај изјавите на жртвите со цел успешно гонење на случаите на трговија со луѓе.
Регионалната работилница ги обедини практичарите од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија надлежни за истрага и гонење на трговија со луѓе и организиран криминал.