Регионален состанок на експертската група за справување со трговијата со луѓе во Југоисточна Европа

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во соработка со Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи на Францијаорганизираa Регионален состанок на експертската група за справување со трговијата со луѓе во Југоисточна Европа кој се одржа на 05-06 декември 2023 година во Хотел Холидеј Ин, Скопје, Северна Македонија.

Националната координаторка м-р Магдалена Несторовска заедно со амбасадорот на Франција г. Сирил Бомгартнер и г-ѓа Росана Дуџак, Постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија со свое пригодно обраќање го отворија состанокот.

Целта на овој Регионален состанок на експертската група за справување со трговијата со луѓе во Југоисточна Европа е овозможување и решавање на недостатоците во имплементација и операционализација на законодавните и институционалните рамки, сензибилизација на сериозноста и сложеноста на трговијата со луѓе и трговијата со деца преку споделување искуства, дискусии за добри практики и изнаоѓање на решенија вклучувајќи ја и меѓународната соработка.