Подгрупа

Подгрупа за борба против трговија со деца е етаблирана во декември 2003-та година во рамки на Националната Комисија. Активностите на ова тело се насочени кон заштита на децата во Р. Северна Македонија од трговија и разни видови на експлоатација, зајакнување на заштитата на малолетните жртви на трговија со луѓе и координирање на соработката помеѓу членките на Подгрупата.

Во Подгрупата членуваат претставници од:

  • МВР – ЕТЛКМ
  • МТСП – НМУ
  • МВР – СГРМ
  • МОН
  • ИОМ
  • ОБСЕ
  • ИЦМПД
  • УНХЦР
  • Амбасада на САД во Северна Македонија
  • “Отворена Порта- Ла Страда Македонија”
  • “За Среќно Детство”
  • ”Еднаков Пристап“
  • Заменик Народен Правобранител за заштита на детските права