Обука на Дипломатскиот и конзуларен персонал во Северна Македонија

Националната комисија во соработка со МВР,МНР со поддршка на ЕУ и Совет на Европа, по втор пат од проектот Хоризонталниот инструмент фаза 2, организира обука за претставниците од МНР, кои би биле упатени во ДКП-ата, тема прелиминарна идентификација и упатување на потенцијални жртви на трговијата со луѓе.

Со оглед на фактот дека и конзуларен персонал може да биде првата точка на контакт со лица за кои постои ризик да бидат жртви на трговија со луѓе, беше обезбедена обука со цел препознавање, помош и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца, потенцијрајќи ја нивната важна улога како дипломатски и конзуларен персонал при идентификување, заштита и враќање на жртвите на трговија со луѓе во нивните земји на потекло.

Horizontal Facility – Вести