Националната координаторка за борба против трговија со луѓе г-ѓа Магдалена Несторовска учествуваше на Онлајн Информативната сесија за сезонска работа

Национална координаторка за борба против трговија со луѓе г-ѓа Магдалена Несторовска учествуваше на Онлајн Информативната сесија за трудова експлоатација во насока на сезонска работа. Настанот се одржа онлајн на 18.05.2021 година, со имплементација на Македонското здружение на млади правници во партнерство со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Северна Македонија под проектот Подигнување на свеста за трговија со деца преку интернет и трудова експлоатација на сезонски работници во Северна Македонија поддржан од ГИЗ.

Информативната сесија беше од интерактивен карактер, наменета пред се за таргетирани професии–вршители на сезонска работа, синдикатите, локалните комисии, како и општата јавност.
На настанот збор земаа високи претставници на институциите и беа презентирани неколку теми релевантни по однос на сезонската работа и ризикот од експлоатација и трговија со луѓе. Главна цел на настанот беше подигнување на свеста во однос на ризиците од експлоатација и трговија со луѓе, информирање на работниците од таргетираните професии (земјоделство, градежништво и угостителство и туризам) во врска со нивните права при сезонска работа, како и воспоставување комуникација помеѓу институциите и синдикатите.