Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал/ Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе (Таск Форс) при Министерството за внатрешни работи денеска доби донација од техничка опрема од страна на ОБСЕ. Опремата се состои од ласерски печатари, инк-џет печатари, ЛЦД монитори, персонални компјутери и лаптопи и има за цел да го олесни функционирањето во овој сегмент.
Донацијата беше предадена од Шефот на Одделот за јавна безбедност и комуникација со заедниците, Јурај Смолек. Во име на МВР донацијата ја прими државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, а воедно и Национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти, м-р Магдалена Несторовска.
„Соработката со ОБСЕ како сериозен партнер во борбата против трговијата со луѓе, како и предметната донација придонесуваат за подигање на националните капацитети за борба против организираниот криминал“ – истакна, меѓу другото, државниот секретар Несторовска во денешното обраќање.