Групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) го објави третиот извештај за евалуација на Република Северна Македонија

Република Северна Македонија како земја потписничка на Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе е обврзана да даде свој придонес во однос на нејзиното спроведување. Во текот на минатата 2022 година тимот на ГРЕТА ја спроведе третата по ред евалуација по која го изготви извештајот за нашата земја во однос на превземените мерки на одредбите од Конвенцијата.

Во својот извештај за евалуација од третиот круг, Групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) го поздравија напредокот на Северна Македонија во развојот на законодавната рамка за борба против трговијата со луѓе, но во исто време повикуваат на нејзина подобра имплементација во однос на пристапот на жртвите до правда и ефективни правни лекови.

Подобрувањата на законодавната рамка го вклучуваат, Законот за странци од 2018 година, кој предвидува период на закрепнување и рефлексија, конкретната одредба за неказнување на жртвите на трговија со луѓе која беше инкорпорирана во Кривичниот законик, понатаму, во ноември 2022 година беше донесен Законот за исплата на паричен надоместок на жртвите на насилен криминал, со кој се воведува државен надоместок за жртвите на трговија со луѓе, назначувањето на Канцеларијата на Народниот правобранител за национален известувач за борба против трговијата со луѓе, е особено поздравено во самиот извештај на ГРЕТА.

Извештајот може да го најдете на:

  • North Macedonia – Action against Trafficking in Human Beings (coe.int)
  • https://rm.coe.int/greta-evaluation-report-on-north-macedonia-third-evaluation-round/1680aaa573
  • https://www.coe.int/en/web/portal/-/greta-north-macedonia-s-legislative-framework-improved-but-human-trafficking-victims-need-better-access-to-justice