Билатерален состанок за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и криумчарење мигранти помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија

Делегација од Република Северна Македонија предводена од Националната координаторка за ворба против трговија со луѓе и Државна секретарка во МВР г-ѓа Магдалена Несторовска на 30ти јуни и 1ви јули 2022 година присуствуваат на Билатерален состанок за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и криумчарење мигранти во Белград, Србија.

Целта на состанокот е размена на известувања помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија во согласност со внатрешно правните процедури на двете држави по стапување на сила на Договорите за соработка во облата на борбата против трговија со луѓе и борбата против криумчарењето мигранти како и презентирање на потребите од организирање на заеднички работилници, обуки и спреведување на заеднички проекти.

Воедно, состанокот е реализиран со поддршка на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), финансиран Федерацијата на Швајцарија.