Светски ден за борба против трговија со луѓе – 30 јули 2016

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против трговија со луѓе со кој треба да се сврти вниманието на големиот број на жртви на трговија на луѓе кои се соочуваат со сексуална експлоатација, принудна работа, ропство и трговија со органи.

Светскиот ден за прв пат е одбележан во 2013-та година, по усвојувањето на Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за борба против трговија со луѓе.

Според податоците на Меѓународната организација за миграции од вкупно 7.000 жртви регистрирани минатата година, 85 отсто биле жртви на меѓународна трговија со луѓе, а околу 13 отсто од вкупниот број на жртвите на трговија со луѓе се деца на возраст од околу 11 години.