Неделата на борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Македонија, како член на  Секретаријатот на  Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, дава активен придонес во борбата против трговијата со луѓе – кој претставува глобален проблем, а се рефлектира и во Р. Македонија.

Во таа насока, Црвен крст на Република Македонија и оваа година од 2-ри до 9-ти декември се вклучува во одбележување на Неделата на борба против трговија со луѓе со организирање на превентивни активности  преку Црвен крст на град Скопје и  општинските организации на Црвен крст Гази Баба, Кавадарци, Битола,  Велес, Охрид, Берово, Валандово, Радовиш, Куманово, Кичево, Кочани, Крушево и Свети Николе.

По овој повод ќе  се организираат вкупно 17 работилници за врсничка едукација на млади во основни и средни училишта.  Со превентивните активности ќе се опфатат вкупно над 420 ученици. Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на  начините преку кои младите  можат да бидат вовлечени во трговија со луѓе и нивна самозаштита.