Средба на ,Националниот Координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, г-ѓа Магдалена Несторовска со претставници на ICMPD

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и Национален Координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција г-ѓа Магдалена Несторовска, денес оствари средба со претставници на ICMPD, г-дин Тамер Килиќ, регионален координатор за земјите од Западен Балкан и Турција, г-ѓа Славка Зборовианова, раководител на оддел за односи со земјите-членки за политика и надворешни работи и г-ѓа Мелита Груевска Грахам, Национален претставник на ICMPD во Македонија. На средбата беа презентирани и потенцирани идните активности, Соработка меѓу ICMPD и Република Македонија, Ажурирање на настаните во ИЦМПД од состанокот на Координативната група во Микулов, Иницијативи и предлози за идни проекти и активности како и учество на Република Македонија со свои претставници на Регионална конференција на која ќе се разговара за соработка во областа на миграцијата.