Состанок на Национални Координатори од земјите на Западен Балкан

Национален координатор, г-ѓа Магдалена Несторовска, присуствуваше на состанок на Национални координатори за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од државите на Западен Балкан (Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија) кој се одржа на 6 октомври 2017 година во Хотел Авала, во Будва, Црна Гора.
На состанокот заедно со Националниот координатор присуствуваа и Заменик националниот координатор, г-ѓа Светлана Влаховиќ и г-ѓа Елена Грозданова, член на Националната комисија претставник од Министерството за труд и социјална политика.