Состанок на Национални координатори за борба против трговија со луѓе на Југоисточна Европа

Националната координаторка г-ѓа Магдалена Несторовска, присуствуваше на состанок на Мрежата на координатори за борба против трговија со луѓе на Југоисточна Европа (NATC-SEE), со кој претседава Република Словенија, а домаќин е Црна Гора во Будва.

Состанокот беше посветен на влијанието на украинската криза врз во регионот на ЈИЕ и можностите за ублажување на ризиците од трговија со луѓе во услови на тековно масовно раселување на луѓето.

Координаторите за борба против трговија со луѓе споделуваа искуства и добри практики во управувањето со мешаните миграциски текови, како и размена на информации за неодамна развиените иновативни алатки во борбата против трговијата со луѓе.