Состанок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

На 11.04.2022 година Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција одржа состанок на кој присуствуваа и членовите на секретаријатот на комисијата.На состанокот беше усвоен Годишниот извештај за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за 2021 година како и беа разгледани и дискутирани клучни чекори во насока на обезбедување на успешна идентификација и заштита на жртвите на трговија со луѓе.