Одржан со станок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Секретаријатот како тело на Комисијата одржаа средба на која беа разгледани клучни прашања кои се приоритетни за реализација во наредниот период.

Теми кои беа поставени како точки на состанокот се усвојувањето на Стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе; Решение на прашањето за позицијата на Националниот Известувач; Превземени активности во врска со измената на КЗ од аспект на инкорпорирање на начелото за неказнување како и Законот за обесштетување; Предлози за одбележување на 18 Октомври Европскиот ден за борба против трговија со луѓе како и беа донесени Одлуки за избор на претседавач на Локалните комисии и Одлука формирање на нови Локални комисии.