Обука за трговија со луѓе наменета за здравствени работници

Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во партнерство со ГИЗ, МАРРИ (Регионална иницијатива за миграција, азил и бегалци) и Здружението Terre des Hommes (TdH), во рамките на проектот ПАКТ (Превенција и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан) „Зајакнување на регионалната соработка и зајакнување на механизмите за идентификација за жртви на трговија со луѓе и потенцијални жртви во Западен Балкан“, денес  се одржа обука за трговија со луѓе на здравствените работници од повеќе области.

Како резултат на проект, беа креирани Здравствени индикатори и Стандардни оперативни процедури (СОП) за постапување во итни ситуации. Во подготовката на овие документи како и на регионалната обука, учествуваа претставници од МВР, МЗ, ИЈЗ, МТСП и Здружението на граѓани Отворена Порта-Ла Страда кои што воедно ја спроведоа обуката за трговија со луѓе „Претставување на Здравствени индикатори и Регионални стандардни оперативни процедури за идентификација на жртви на трговија со луѓе“.

Соработката и информирањето на здравствените работници во оваа област е од огромно значење. Грижејќи се за последиците од трговијата со луѓе се грижиме и за јавното здравје. Здравствениот систем игра важна улога во идентификувањето и лекувањето на жртвите на трговија со луѓе а давателите на здравствени услуги честопати се првите професионалци кои имаат контакт со нив.