Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Мекедонија, и воедно Државен секретар во МВР, Магдалена Несторовска на 29-30 Мај 2019 година во Будва, Црна Гора учествуваше на Состанокот на Националните координатори за борба против трговија со луѓе во Југоисточна Европа, организиран со подршка на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) и Мегународниот Центар за развој на миграционата политика (ICMPD). На наведениот состанок учествуваа и националните кооординатори за борба против трговија со луѓе од Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и претставници од Србија. Романија и Бугарија.
На наведниот состанок се дискутираше за модалитетите на остварување на правото на компензација на жртвите на трговија луѓе утврдено со Конценцијата на Советот на Евопа за акција против трговија со луѓе, која е ратификувана од сите држави на Југоисточна Европа. Истовремено, беа споделени добрите пракси за остварување на ова право на жртвите на трговија со луѓе, како и процедурите за воспоставување на државниот фонд за компензација или друг административен облик за компензацина шема.
Националниот координатор Магдалена Несторовска ги презентираше досега превземените активности во Република Северна Македонија во однос на остварување на правото на компензација на жртвите на трговија со луѓе, со посебен осврт на правната рамка која го обезбедува ова право на жртвите на трговија со луѓе, како и предизвиците со кои се соочуваме во однос на нивната имплементација. Беше истакната заложбата за изготвување на нов, посебен закон за компензација на жртвите од насилен криминал, кој ќе ги опфати и жртвите на трговија со луѓе.
Учесниците од државите на Југоисточна Европа ги презентираа своите национални правни одредби кои го гарантираат ова право на жртвите на трговија со луѓе, меѓутоа беше констатирано дека постојат различни модалитети во остварување на правото на компензација и големи предизвици во непосредната имплементација.
Истовремено, на наведениот состанок националните координатори ги споделија информациите за тековните активности кои се превземаат во справување со трговијата на луѓе во своите држави, но се утврдија и насоки за идната сосработка. Беше заклучено дека состанокот придонесува кон зајакнување на меѓусебната соработка преку размена на искуства и идентификување на идни заеднички активности во справуваето со трговијата со луѓе.