Мултидисциплинарна обука “ПОСТАПУВАЊЕ НА НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ВО СЛУЧАЈ НА СОМНЕЖ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНА ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И СО ДЕЦА”

Канцеларијата на Обединети нации за дрога и криминал во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Северна Македонија, од 22 до 24 Јуни 2022 во Охрид  ја спроведува првата мултидисциплинарна обука “ПОСТАПУВАЊЕ НА НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ВО СЛУЧАЈ НА СОМНЕЖ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНА ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И СО ДЕЦА”. Мултидисциплинарна обука има за цел адресирање на предизвиците во практичното постапување и соработка, а со цел успешно идентификување и грижа за жртвата во функција на поефективно гонење и санкционирање на сторителите.

Обуката се спроведува во рамките на проектот  „Ставање крај на неказнивоста на трговиците со луѓе и подршка на правда за жртвите на трговија со луѓе„ кој што ја е финансиски поддржана од Канцеларијата за следење и борба против трговијата со луѓе на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави.

Во првата фаза на спроведување на проектот беше подготвена анализа на 13 случаи на трговија со луѓе врз чија што основа се изготви Национален извештај и национален план за градење на капацитите на релевантните практичари кој што ќе се спроведува во следните две години.

Во рамките на Националниот план за градење на капацитетите на релевантните практичари предвидено е спроведување на две тематски обуки и две симулации на истрага и судење на случаи.

Со овој тренинг се започнува циклусот на обуки кој што има за цел да го зајакни целокупниот одговор во постапување со случаи на трговија со луѓе и соодветно казнување на сторителите.