Европски ден за борба против трговија со луѓе

По повод одблежување на 18ти октомври Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе
Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција ќе одржи:

– Прес конференција – Најава на отпочнување на Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија која ќе се спроведува за време на Модниот викенд Скопје #Stopthetraffik
која ќе се одржи на 18ти октомври 2017 година (среда) во хотел “Мериот” во Скопје, со почеток од 11:10 часот.
(На прес-конференцијата ќе присуствуваат г-ѓа Магдалена Несторовска – Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција/ Државен секретар во министерството за внатрешни работи, г-ѓа Елена Грозданова – член на Националната комисија/ Државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и Марија Илиќ – ПР аташе од Модниот викенд Скопје)

– Тркалезната маса – Трговија со луѓе, национални трендови, појавни облици и предизвици,
која ќе се одржи на 18ти октомври 2017 година (среда) во хотел “Мериот” во Скопје, со почеток од 13:30 часот. (Тркалезната маса ќе ја отвори г-ѓа Магдалена Несторовска – Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција/ Државен секретар во министерството за внатрешни работи и Соња Божиновска Петрушевска -Шеф на канцеларијата на ИОМ во Скопје)