Учество на Национална координаторка на Регионална конференција во Атина

Делегација на Република Македонија предводена од државната секретарка на МВР и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Несторовска на покана на ОБСЕ учествуваше на Регионална конференција во Атина,  Република Грција на тема “Превенција на трговијата со луѓе во јавните набавки,  низ призмата на успешни владини политики и практики “

На маргините на средбата, во пријателска атмосфера, беше одржана билатерална средба со Националниот известувач за борба против трговија со луѓе на Република Грција, д-р Хераклес Москоф.

Признавајќи дека зајакнувањето на соработката помеѓу двете национални тела за борба против  трговијата со луѓе е јасна заедничка цел, националните координатори ја изразија својата подготвеност за иницирање на постапка за започнување на преговори за склучување на меморандум за соработка, кој ќе ја уреди соработката помеѓу двете држави во борбата против трговија со луѓе.