Денес на 30.06.2023 година, Државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска како Национална координаторка на Комисијата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија, одржа редовен состанок на кој присуствуваа членовите на комисијата и секретаријатот.
На состанокот беа разгледани прашања, донесени заклучоци и одлуки во насока на подобрување на состојбата и надминување на предизвиците во областа на трговијата со луѓе. Имено, по спроведеното ревидирање на Стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе (СОП), Националната комисија го усвои предлог текстот на документот при што истиот ќе биде доставени до Владата на РСМ во понатамошна постапка, за усвојување.
Посебено внимание беше посветено на предложениот трет модел од Патоказот за учество на преживеаните од трговија со луѓе, како советници во креирање на стратешките политики за поефикасна борба против трговијата со луѓе, каде што беше отворена широка дискусија од каде што Националната комисија донесе одлука за формирање на советодавно тело во рамки на здруженијата на граѓани, кое ќе ги вклучи преживеаните лица со советодавна функција да помогнат во креирање на одлуки и давање на предлози се со цел да се подобрат недостатоците на системот и обезбедат посоодветни услуги.
Воедно на состанокот беше разгледан и годишниот извештај на Национален известувач за борба против трговија со луѓе и илегална миграција „Предизвици во идентификацијата и реинтеграцијата како услови за поддршка на жртви на трговија со луѓе во Република Северна Македонија“