Националната координаторка на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Нестровска денеска ја предаде донацијата од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) на Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.
Донираната заштитна опрема содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи, средства за дезинфекција и заштитни очила, а беше примена од страна на управникот на центарот „Винојуг“ – Гевгелија.