Одржан состанок на Националната комисија и членовите на Секретаријатот

Националната Координаторка м-р Магдалена Несторовска одржа состанок со членовите на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на кој беа поканети и членовите на Секретаријатот, претседателите на Локалните комисии и експерти од областа.

Состанокот беше одржан со цел усвојување на новата Национална стратегија и Акциски план за 2021-2025 година од страна на членовите како и решавање и брифирање за клучни активности за престојниот период а тоа е обезбедување на средства за невладините организации со цел продолжување на оперативната работа на мобилните тимови, информација во врска со предлог Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела и други стратешки прашања поврзани со работата на Комисијата.