Обука на обучувачи на тема Примена на новата одредба од Кривичниот законик за неказнување на жртви од трговија со луѓе.

Денеска во организација на ОБСЕ, а во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција (НКТЛИМ) и Академијата за судии и јавни обвинители беше означен почетокот на дводневната обука на обучувачи. Тема на обуката е примена на новата одредба од Кривичниот законик за неказнување на жртви од трговија со луѓе.

,,Ми причинува големо задоволство мултидисциплинарниот пристап во организирање на оваа обука , на која ќе бидат презентирани Насоките за неказнување ќе се доразјаснат и допрецизираат новите законски решенија и ќе се отстранат сите отворени прашања и дилеми во  однос на примената на ова начело.Преку одржување на обуки од ваков тип ќе се создадат услови за целосна практична имплементација на  предметната законската одредба” – истакна во своето воведно обраќање државниот секретар , а воедно и национален координатор на НКТЛИМ м-р Магдалена Несторовска.