„Насоки за примена на начелото за неказнување на жртви на трговија со луѓе и трговија со деца“

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја подготви оваа публикација во соработка со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и нелегалната миграција и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со цел да им помогне на сите надлежни органи и субјекти кои постапуваат по дела на трговија со луѓе и трговија со деца правилно да го применуваат начелото на неказнување на жртвите. Насоките се наменети да послужат како практична алатка и водилка во работата на органите за откривање, гонење и пресудување на овие тешки кривични дела, како и на органите и институциите надлежни за превенција, идентификација, помош и поддршка на жртвите и граѓанските здруженија да ги препознаат и утврдат претпоставките за неказнивост на жртвата.