Мултидисциплинарна работилница за запознавање со измените на Стандардните оперативни процедури (СОП) за постапување со жртви на трговија со луѓе

На 13 и 14 јуни во Крушево, Национална комисија за трговија со луѓе (ТЛ) и криумчарење мигранти во соработка со ГИЗ организираше мултидисциплинарна работилница за запознавање со измените на Стандардните оперативни процедури (СОП) за постапување со жртви на трговија со луѓе.

Последното ажурирање на СОП беше усвоено кон крајот на 2023 година и воведе неколку новини кои се однесуваат првенствено на идентификацијата на жртвите на трговија со луѓе. Луѓето кои работат за таканаречените мобилни тимови за идентификација (МИТ) како одговорните лица за идентификацијата и упатувањето на жртвите на ТЛ беа главната целна група на настанот. МИТ во Северна Македонија моментално се активни во 5 градови и се состојат од претставници од Центрите за социјална работа, деташирани полициски инспектори и здруженија на граѓани. Други учесници на работилницата дојдоа од редовите на Јавното обвинителство; Министерството за внарешни работи; Министерството за здравство, како и од Министерството за труд и социјална полиција, кое раководи со Националниот механизам за упатување на жртвите на трговија со луѓе.

Од работилницата беше заклучено дека одредени процедури допрва треба да се усогласат со барањата на СОП; Министерството за здравство би можело да има поцентрална улога во процесот на третман на жртвите на сексуална експлоатација; треба да се зајакнат капацитетите на релевантните локални власти, а поизразеното вклучување на судството би било високо ценето. Проектот на EU4FAST се обврза да одговори на некои од предизвиците во иднина.