На 09 и 10 јуни на покана на министерот за внатрешни работи на Република Словенија Алеш Хојс, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска учествуваат на Министерската конференција на Брдо процесот во Порторож, Словенија,
Состанокот таргетира две актуелни теми:
На маргините на министерската конференција, Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција г-ѓа Magdalena Nestorovska оствари средба со Националната координаторка за трговија со луѓе на Словенија, г-ѓа Тина Принцес Дамјановиќ на која беа разменети искуства и договорена поинтензивна соработка во борбата против трговијата со луѓе како и со г.Мартијн Плум, Директор за миграција и соработка од ICMPD со кој беа разгледани можните полиња за соработка помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан како и активности што можат да бидат преземени во регионот за подобрување на целокупното управување со миграциските текови.