Експертската група за преземање акција против трговија со луѓе (ГРЕТА)
Согласно член 38(4) од Конвенцијата на Советот на Европа за преземање акција против трговија со луѓе, од страна на тимот на Експертската група за преземање акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) досега беа спроведени три евалуациски посети и објавени три извештаи за исполнетоста и спроведување на Конвенцијата.
ГРЕТА – Механизам за мониторинг MKD
I – Првата евалиациска посета на Македонија беше спроведена во 2013 година при што ГРЕТА пристапи кон разгледување на мерките преземени од страна на Македонија, за спроведување на одредбите утврдени во Конвенцијата. Во 2014 Комисијата на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе на 19-от состанок на Комисија на Советот на Министри на Советот на Европа го усвои на 21 март 2014 година а беше објавен на 17 јуни 2014 година
II – Во периодот од 19 до 23 февруари 2017 година тројца претставници на ГРЕТА, ја остварија втората посета на Република Македонија која се реализираше по испратените одговори на Прашалникот за вториот круг на евалуација од страна на надлежните органи во Република Македонија. Претставниците на ГРЕТА одржаа средби со релевантни претставници од владините институции и граѓански здруженија кои го одговараа Прашалникот за евалуација на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа, преку кој се овозможува целосен преглед на степенот на реализација на активностите кои произлегуваат од Конвенцијата.
- Втор извештај на ГРЕТА за Република Македонија МКД
- Втор извештај на ГРЕТА за Република Македонија ALB
- Втор извештај на ГРЕТА за Република Македонија ENG
III – Во 2022 година, се спроведе третиот евалуациски круг за РСМ. По остварената посета од страна на претставниците на ГРЕТА, беше изготвен третиот Извештај за спроведување на Конвенцијата кој беше објавен 24 март 2023г.